Во Косово осудени 6 лица за планирање терористички напади
Шест лица на вкупно 25 години затвор се осудени за планирање терористички напади врз припадници на мисијата на КФОР, објекти на Српската православна црква, како и дискотеки во Косово. Судот наредил и конфискација на 9000 евра и огнено оружје.
Според обвинението, тие планирале да формираат организација што ќе подготвува терористички и самоубиствени напади во Косово, Албанија и Северна Македонија. Цели на планирани напади биле две дискотеки во Грачаница, како и православната црква во Северна Митровица.