Нема договор за Законот за ЈО, разговорите продолжуваат во вторник
Заврши срдбата на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство за статусот на обвинителите на СЈО и нивните предмети кои не се во судска постапка. На средбата не се донел некој посебен заклучок, ниту нешто со што суштествено се расчистило изјави мнистерката за правда Рената Дескоска посочувајќи оти со тоа несењето на законот се уште е неизвесно „зашто не можеа да се затворат ниту прашања за трансферот на луѓе кои би останале од СЈО, вработените, јавните обвинители“, рече Дескоска.
Таа додаде дека денеска немале ангажиран партенер за разговор со кој би можеле да водат суштинска дебата и оти очекува исчекор од вторник, како и оти остануваат посветени на носењето на законот.
„Се надевам дека емоциите ќе слегнат овие три дена додека е празникот и ќе можеме да разговараме суштински од вторник“, вели Дескоска.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој е дел од групата за Законот за обвинителство, изјави дека и натаму се далеку од договор со власта.
„Имавме повторно средба на која се дискутираше предлог-законот за обвинителство и клучните разлики остануваат без заеднички консензус. Имаме цврсти аргументи да понудиме консензус за приваќање квалитетен Закон за обвинителство, но најмногу зависи од политичката волја и од Министерството за правда. Ме зачудува што од коалицијата СДСМ или ДУИ поднесуваат амандмани кои Владата веќе ги прифатила“, рече Милошоски.
Според него, писмата од обвинителката Катица Јанева не се нејзина самостојна иницијатива, туку, како што рече, „добро кооординирана акција“.
„Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда, Вилма Рускоска и обвинителот Јовески“, рече Милошоски.
Реагирајќи на неговата изјава Дескоска рече дека „Милошоски е човек кој е извор на лажни вести“ и нагласи дека одлуката Јавното обвинителство да ги преземе предметите од СЈО е лично на Катица Јанева и не постои ништо друго.