Во Сараево прва Парада на Гордоста
![Во Сараево прва Парада на Гордоста](https://gdb.rferl.org/77795D0C-B750-40BB-9975-0BB073324A1D_w800_h450.jpg)
Стотици активисти на ЛГБТИ заедницата и поддржувачи маршираат низ Сараево, босанскиот главен град кој е домаќин на својата прва Парада на гордоста.
Активистите носат знамиња со бои на виножито и транспаренти на кои пишува „Обединети во разликите“.
Сараево се обиде да одржи ЛГБТ настани во минатото, вклучително и филмски фестивал во 2014 година, но тие беа нарушени од противниците за геј права.
Локалните медиуми објавија дека повеќе од 1.000 учесници се приклучиле на маршот, а оти има и еднаков број полицајци кои ја обезбедуваат парадата.
Учесниците на контра пртоестот што се одржа претходно денеска, порачаа дека јавното искажување на сексуалната ориентација не е во духот на традицијата на Бошњаците и дека нивната вера се противи на тоа.