Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност
![Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност](https://gdb.rferl.org/18AADEF5-19BC-44E1-8F6F-A368202845A2_cx0_cy0_cw82_w800_h450.jpg)
Денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 5, информираат од УХМР.
Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.
Утринската температура ќе се спушти од 12 до18, а највисоката температура ќе достигне до 25 до 32 степена.
Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен јужен ветер.