Владата го осуди инцидентот пред конзултатот во Мелбурн
Владата најостро го осуди инцидентот пред конзулатот во Мелбурн откако група на македонски иселеници запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.
„Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност. Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди“, се наведува во реакцијата на Владата.
Според Владата, сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции, а чинот не е одлика на патриотизам, ниту пак слика за дијаспората.