Заев: Суштината е дали „бомбите“ да бидат доказ во предметите на СЈО
![Заев: Суштината е дали „бомбите“ да бидат доказ во предметите на СЈО](https://gdb.rferl.org/75EBB33C-9DDE-430D-86DB-AA7A92568A7A_cx3_cy23_cw67_w800_h450.jpg)
Суштинско прашање за Законот за јавното обвинителство не е барањето на опозицијата во врска со постапувањето по предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година, туку дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
„Суштината според мене е дали бомбите ќе се користат како доказ или не, затоа што Уставот член 16, 17 и 18 од Кривичниот законик вели – кривично дело за кое што постојат индиции и аргументи не може да не се гони, насекаде во свет се гони. Ако не го гони СЈО, ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем во државата и тука нема дали Заев, Мицкоски, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ нешто сакаат или не сакаат. Апсолутно, прашањето е доказите – дали бомбите ќе се користат како докази затоа што сите тие се индиции на крајот на денот“, изјави Заев.