ЕСМ сака да учествува во „Белене“, може да вложи 2 милијарди евра
![ЕСМ сака да учествува во „Белене“, може да вложи 2 милијарди евра](https://gdb.rferl.org/E132D0FB-0938-4F53-B065-A9C86CB5B97B_cx0_cy15_cw0_w800_h450.jpg)
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачески, потврди дека АД Електрани на Северна Македонија испратило писмо со намери за вложување во изградбата на бугарската нуклеарна електрана „Белене .
„Владата како државна компанија ни даде задолжение АД ЕСМ да биде носител на овој проект и на 22 август испративме писмо со намери да бидеме дел од малцинскиот акционерски капитал на оваа нуклеарна електрана со можноста до максимум 10 проценти на акционерки капитал и можноста да откупуваме базна енергија до 10 проценти во времетрањење на производството на оваа нуклеарна електрана“, рече Ковачески по денешната средба со министерот за економија, Крешник Бектеши .
Тој посочи дека капацитетот на нуклеарната електрана „Белене“ е проектиран на 2.000 мегавати што значи дека државата ќе може да искористи максимум 200 мегавати што е еквивалент на еден блок во РЕК Битола.
„Во моментов се уште ги немаме точните проценки колку би чинела изградбата на нуклеарната електрана, но можеби би стигнала и до 20 милијарди евра. Значи дека ние максимум би можеле да вложиме до две милијарди евра“, прецизира Ковачески.
Министерот Бектеши посочи дека Владата и АД ЕСМ покажале интерес и дека ќе купуваат 10 отсто од електричната енергија што ќе биде произведена во „Белене“.