Сообраќајот Прилеп-Росоман нормализиран
![Сообраќајот Прилеп-Росоман нормализиран](https://gdb.rferl.org/7F3EAB0D-4C2A-447C-ACF6-C4C87AF3C7D0_w800_h450.jpg)
Од 23 часот синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патниот правец беше во прекин поради голем шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица. Поради густиот чад и намалената видливост, не се возеше во двата правца, а се создаде долга колона возила.
Гореше нискостеблеста пума и трева. Во гасењето, на пожарникарите им стигна помош и од Кавадарци и од Крушево. На терен беа и екипи од прилепските јавни комунални претпријатија.