Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на нафтените капацитети во Саудиска Арабија
Јеменските Хути бунтовници ја преземаа одговорноста за двата напада со беспилотни летала на нафтените капацитети на компанијата Арамко во Саудиска Арабија. Нападите на најголемата постројка за преработка на нафта во светот која се наоѓа во Бикјак се случија рано утрово, а пожарите кои ги предизвикаа се ставени под контрола, соопшти саудиското министерство за внатрешни работи. Засега нема информации за предизвиканите штети.Коалиција предводена од Саудијците се бори против Хутите кои се поддржани од Иран од март 2015 година.