Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера
Претседателот Стево Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера, соопштија од Кабинетот на Претседателот по средбата на Пендаровски со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според претседателот Пендаровски, треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.
На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјата во доменот на одбраната и безбедноста, како и за состојбата во регионот.
Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.