Албанските социјалисти ја повикаа опозицијата на разговори за изборните реформи
Албанските владејачки социјалисти ја повикаа опозицијата на средбата за изборни реформи што ќе се одржи следната недела.
Координаторот на парламентарната група на Социјалистичката партија, Таулант Бала рече дека владата „вложува напори да постигне консензус со Демократската партија“.
Пред можниот бојкот на средбата од страна на Демократската партија, Бала рече дека по средбата, мнозинството ќе продолжи со реформите бидејќи Изборниот законик не може да остане заложник на политиката.
Што се однесува до политичката криза, во која со месеци се наоѓа земјата, тој оцени дека бојкот на институциите повеќе не треба да се случува.