Обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за непотизам во правосудството
![Обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за непотизам во правосудството](https://gdb.rferl.org/68BE1988-3CB4-4B08-B630-3EBA7A21695D_w800_h450.jpg)
Специјалното јавно обвинитлество била институција во која може да се вработите ако сте реоднина или близок на некој од обвинителите, ако сте роднина на функционер на СДСМ или добиете партиска препорака или ако сте дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ или СЈО, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата поради ова уште еднаш ги повикаа пратеничките групи во Собранието да го поддржат предлогот за формирање на Анкетна комисија за увид во досегашното работење во СЈО.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја вработила девојката на нејзиниот син, обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски го вработил својот братучед, обвинителката на СЈО Елизабета Јосифовска ја вработила својата ќерка, обвинителката на СЈО Ленче Ристоска ја вработила својата прва братучетка.
Од партијата наведоа дека и други обвинители вработиле свои блиски, односно список од 25 лица кои како што велат биле вработени во СЈО по линија на непотизам, додавајќи дека бараат да се истражат наводите дека обвинителите покрај високите плати си делеле и дневници, награди и бонуси и оти ова обвинителство потрошило 15 милиони евра.
Од СДСМ реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ било партија симбол на непотизмот и партизација на институциите особено во судството и дека поради тоа „нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема.“
Од владејачката партија наведоа примери, за како што велат“, да ги потсетат ВМРО-ДПМНЕ за „дел од бројните случаи на непотизам.“
Од СДСМ наведоа дека екс министерот за правда Михајло Маневски, кој и денес бил дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направиле најголема “фамилијаризација” на правосудните институции, како и тоа дека Олгица Павловска – судиката во Основниот суд Штип е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски. Јово Вангеловски е кум на Трајко Вељановски - претседател на Собранието, беше избран за претседател на Врховен суд“, велат од СДСМ.