Пожари во села во Кавадарци и Кочани
Пожарникари повторно се на терен да гаснат шумски пожари, откако четири пожари денеска избувнаа во Кавадарци, велат од протипожарната единица на градот наведувајќи дека во ганењето биле вклучени и пожарникари кои имале слободен ден.
Тие велат дека ветерот денекса им ја отежнувал работата при гаснењето на „огромен пожар“ во атарот на село Фариш каде горела нискостеблеста шума и трева, а интервенирале 18 пожарникари со три возила и четворица комунални работници со две возила. Двајца пожарникари го гаснеле пожарот во атарот на Дебриште, а разгорен бил и пожарот во Дреново на патот Градско-Прилеп каде во гаснењето учествувале исто така двајца пожарникари со едно возило. Четвртио пожар бил во индустриската зона, но навремено бил локализиран.
Слен шумски пожар доцна попладнево избувна и кај кочанското село Пантелеј, на падините на Осоговските Планини и зафати поголема површина со букови дрва, нискостеблести и друг вид стебла. Според известувањето од Територијалната противпожарна единица од Кочани, по дојавата за огнот тие веднаш излегле на терен со четири возила и десет пожарникари, а на помош притекнале и нивните колеги од Виница. Во интервенцијата за гаснењето учествуваат и вработени во подружницата „Осогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население.