Ле Дријан: Франција не ја менува одлуката, нема азил за Сноуден
Нема причина Франција да ја смени својата одлука од 2013 година, кога одби да му даде азил на поранешниот припадник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, пренесоа новинските агенции.
Сноуден побарал азил во Франција кога претседател беше Франсоа Оланд во 2013 година, но се надевал дека барањето сега ќе му го одобри актуелниот претседател Емануел Макрон. Десетина земји веќе го отфрлија барањето азил за Сноуден, кој живее во егзил во Русија.