Дика не знае каде се парите уплаќани на Меѓународен сојуз на Боки 13
Претседателката на Собранието на организацијата Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски - Боки 13, по распитот за случајот „Рекет“ изјави дека не знае каде се парите што бизнисмени ги уплаќале на Меѓународен сојуз.
По повеќе од два часа распит, Дика излезе од Обвинителството и на најголемиот дел од новинарските прашања одговараше со: „Истрагата ќе покаже“, освен на прашањето каде завршиле уплатите во Меѓународниот сојуз.
Освен Дика, за денеска беше најавен распит за „Рекет“ и на бизнисменот Зоран Азманов.