Џафери го вратил на доработка барањето за Анкетна комисија за СЈО
Претседателот на Собранието Талат Џафери писмено го вратил на доработка предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за формирање парламентарна Анкетна комисија за работата на СЈО, со образложение дека во него не се содржело „уставното име“ на државата, а опозициската партија сега има има рок од 15 дена да ги отстрани недостатоците кои ги утврдил парламентарниот спикер.
На ова реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој ја информираше јавноста дека Џафери го одбил формирање на анкетна комисија која ќе треба да испита како и на што СЈО ги трошело парите од државнот Буџетот. Рече дека меѓу другите забелешки кои Џафери ги наведува како пропусти во поднесената предлог-одлука е и тоа дека во неа не е наведено уставното име на државата.