ОЈО реагира на изјавата на адвокатот на Бојан Јовановски
Давањето исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите, реагираше денеска Јавното обвинителство, откако Сашо Дуковски, адвокатот на првоосомничениот во „Рекет“ - Бојан Јовановски, рече дека се случил преседан за време на исказот на Боки 13 кога му бил доставено решение за завршена истрага.
„По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица. Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените“, соопштоја од ОЈО.
Информираат дека утре ќе биде повикано третоосомниченото лице, односно Катица Јанева, кое воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка.