Љаиќ: Тоа не е влез во Евроазиската унија, туку договор за слободна трговија
Србија на 25 октомври не влегува во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), како што се шпекулира деновиве во српските и регионалните медиуми, туку само потпишува договор за слободна трговија што досега го имаше со Русија, Белорусија и Казахстан, тврди српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.
Пред извесно време, официјална Москва ја повика Србија да ѝ се приклучи на ЕАЕУ, по што реагираше Брисел дека Белград треба да одлучи - Или ЕУ или Евроазиска унија.
„Онаков договор, како што имаме со Турција или со земјите од ЦЕФТА, изјави Љајиќ за „Политика“, додавајќи дека ЕУ, во меѓувреме, се проширила и на Ерменија и Киргистан и има донесено одлука да ги усогласи договорите за слободна трговија со трети земји, меѓу кои е и Србија.
„Ова не е нов ССП, нема политика, само трговија. Во рамките на Евроазиската унија, решено е да се започне со обединување на сите договори за слободна трговија што претходно ги имаа со трети земји. Ако Србија речеше дека не сака да го потпише договорот, нашиот договор за слободна трговија со Русија би бил доведен во прашање“, кажа Љаиќ.