Димитров: Да направиме пробив во регионалната соработка
![Димитров: Да направиме пробив во регионалната соработка](https://gdb.rferl.org/626F265A-03A4-4D81-9188-5E72CE44033E_w800_h450.jpg)
"Забрзаната европска интеграција на Западен Балкан ќе придонесе кон зголемена доверба меѓу соседите и предвидливост во регионалните случувања" изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на работниот појадок на министрите за надворешни работи од земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во организација на Косово, за време на Генералната дебата на 74-тата сесија Генерално собрание на ОН.
Димитров, како што соопшти МНР, зборуваше за зајакнување на регионалната соработка.
"Пред нас е можност да направиме главен пробив на планот на регионалната соработка. Да го продолжиме натпреварот во реформи, но истовремено да работиме на меѓучовечкото поврзување, слободното движење на луѓе, стоки и услуги, како и продлабочување на секторската соработка и областите што нудат чекор напред, рече Димитров.