Мадуро кај Путин во Москва
![Мадуро кај Путин во Москва](https://gdb.rferl.org/5F86E4EE-ED5F-49EB-9E4E-24572E740FFE_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва му беше домаќин на Николас Мадуро, демонстрирајќи поддршка за претседателот на Венецуела во услови сложена ситуација во таа земја, објавија светските новински агенции.
Путин и Мадуро разговараа за „клучни меѓународни и регионални теми во контекст на сложената ситуација во врска со Венецуела“, соопшти Кремљ.
Путин исто така рече дека Русија го поддржува дијалогот влада-опозиција за изнаоѓање политичко решение за кризата, се додава во соопштението.