Иран со критики за САД зашто не му дозволија на Зариф да посети ирански дипломат во болница во Њујорк
Иран ги критикува САД зашто му забранија на нивниот министер за надворешни работи, кој е во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на ОН, да посети ирански дипломат, кој е хоспитализиран во болница во градот.
Американските власти го ограничина шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф на само шест блока во Њујорк.
Стејт департментот соопшти дека ќе му дозволи на Зариф да го посети амбасадорот во ОН, Маџид Тахт Раванчи, ако Иран ослободи еден или неколку „неправедно затворени“ американски граѓани.
Раванчи во моментов се лекува од рак во болница во Њујорк.
Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, за државната новинска агенција ИРНА изјави дека Вашингтон ги направил хуманитарните прашања заложник на политичката цел.
Тензиите меѓу САД и Иран се засилија, откако американскиот претседател Доналд Трамп пред повеќе од една година еднострано се повлече од нуклеарниот договор постигнат меѓу Техеран и светските сили. САД потоа воведоа санкции против Иран.