Убиен личниот телохранител на саудискиот крал Салман
![Убиен личниот телохранител на саудискиот крал Салман](https://gdb.rferl.org/E2E36294-8787-4FBD-A807-D5270C2110A6_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Личниот телохранител на саудискиот крал Салман е убиен од огнено оружје во, како што соопштија властите, лична расправа, не давајќи многу детали за инцидентот кој ја шокираше Саудиска Арабија.
Има малку информации за тоа како бил убиен генерал-мајор Абдулазиз Ал Фагхам во Џеда. Првата официјална потврда за неговата смрт дојде преку Твитер налогот на саудиската државна телевизија.
Неколку часа подоцна, саудиската новинска агенција СПА јави дека во расправа, пријател на Ал Фагхам пукал во него и го убил и дека ранил уште еден Саудиец и еден филипински работник. Потоа дошло до престрелка во која безбедносните сили го убиле убиецот на телохранителот, а петмина полицајци биле ранети, наведе агенцијата.