Одбиена жалбата на „Еуромакс Рисорсис“ за одземање на концесијата за рудникот Иловица
Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија да се одбие барањето за дозвола за експлатација на компанијата Еуромакс Рисорсис за рудникот Иловица-Штука, соопшти граѓанското здружение Здрава Котлина кое се бореше против отворање на рудници поради ставувања за загрозување на животната средина.
Од Здрава Котлина наведуваат дека со ова решеното за одбивање станува правосилно и како што посочуваат, се отвора патот за конечно одземање на концесијата „според повеќе основи наведени во Законот за минерални суровини.“
„Очекуваме во најбрз временски период Владата да донесе одлука за едностран раскин на договорот за експлоатација на минерална суровина со концесионерот Еуромакс Рисорсис“, велат од Здрава Котлина.