Феноменот „пекол“ во „Зад затворени врати“ на Доко и Турски театар
![Феноменот „пекол“ во „Зад затворени врати“ на Доко и Турски театар](https://gdb.rferl.org/45886568-9C86-4092-9681-86B8A1D1737B_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Во Турски театар, в четврток на 3 октомври, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Зад затворени врати“ од Жан Пол Сартр во режија на Џабир Доко. Во драмата која отвара една сосема нова перцепција за феноменот наречен „пекол“ играат Несрин Таир, Ебру Мусли, Ерман Шабан и Дин Ибрахим.