Дирк Јан Коп – Подготвени сте за преговори, не знаеме што предлага Франција
![Дирк Јан Коп – Подготвени сте за преговори, не знаеме што предлага Франција](https://gdb.rferl.org/ac676da2-8738-4c6f-9447-1f3402f9ef10_tv_w800_h450.jpg)
Холандија смета дека Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите. Французите зборуваат за ревизија на методите и процедурите, но ние не сме виделе некакви конкретни предлози во овој момент. Кога Французите ќе дојдат со предлози, ние ќе ги разгледаме и ќе видиме што мислиме за нив, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во неделното интервју на Радио Слободна Европа.