Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Новости за 11.11.2019

Силите на Киев и сепаратистите се повлекоа од Доњецк и Луганск

SlobodnaEvropa.mk 

Киев и сепаратистите поддржани од Русија велат дека завршиле со повлекување на трупите и оружјето во источна Украина. Потегот е еден од серијата мерки за градење на доверба кои можат да го отворат патот за четиридневниот самит со цел ставање крај на конфликтот во регионите Доњецк и Луганск, каде од април 2014 година загинаа повеќе од 13.000 луѓе. Украинската армија соопшти дека украинските сили денеска напладне го завршиле повлекувањето од областа Петривск во Доњецк. Оттаму додадоа дека расчистувањето... Читать дальше...

ЕУ повика на смиреност во Боливија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија денеска повика на смиреност во Боливија и понуди да испрати набљудувачи доколку се одржат избори во земјата. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Морегини изјави дека шефовите на дипломтиите на ЕУ денеска размислувале да испратат набљудувачи и се согласиле дека „се подготвени да работат на тоа доколку бидат исполнети услови“, јавува агенцијата Бета. Могерини наведе дека ЕУ се надева оти наскоро ќе се одржат кредибилни избори во земјата и „што... Читать дальше...

Ангеловска го презентираше Предлог-буџетот за 2020 година

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска го презентираше Предлог-буџетот за 2020 година пред бизнис заедницата, граѓанските организации и експертската јавност, при што истакна дека во фокус на буџетот за идната година ќе бидат инвестициите во човечки капитал, односно во подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор, соопшти Министерството за финансии. „Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината... Читать дальше...



ИАЕА откри ураниум на непријавена локација во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) денеска соопшти дека открила вештачки ураниум „на локација која Иран не ја пријавил во агенцијата.“ Ова е прв пат ИАЕА во свој извештај да наведе дека се точни тврдењата на САД и Израел за Иран, јавува агенцијата Асошиејтед прес (АП). Сепак во доверливиот извештај во кој АП имаше увид, не е идентификувана локацијата на која е откриен ураниумот. САД и Израел тврдат дека тоа место се наоѓа во предградието на Техеран, а израелскиот премиер Бенјамин... Читать дальше...

Јавните набавки да бидат појасни и подостапни за граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

градоначалничка Теута Арифи вели дека се следат законските процедури за јавните набавки, а се прават напори да се зголеми отчетноста. покажал мониторингот на Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје на тоа како општините ги прават јавните набавки. Градоначалничка на Тетово, Теута Арифи вели дека се следат законските процедури за јавните набавки, а се прават напори да се зголеми отчетноста.

Разговори за нормализација на односите меѓу Исламабад и Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Висока пакистанска делегација отпатува во авганистанскиот главен град да дискутира за напорите за нормализација на односите меѓу Исламабад и Кабул, соопштија авганистански официјален претставник. Авганистанскиот советник за национална безбедност Хамдула Мохиб денеска се сретна со шефот на пакистанската агениција за разузнавање (ИСИ), генерал Фаиз Хамид. Двете нации имаат влошени односи. Кабул долго време го обвинува Исламабад за поддршка на Талибанците во долготрајната војна во земјата, обвинувања кои пакистанските власти ги отфрлаат. Читать дальше...

Убиен ерменски католички свештеник во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Непознато вооружено лице застрела ерменски католички свештеник и неговиот татко, додека патувале со автомобил во североисточна Сирија. Отец Ховсеп Петојан – поглавар на Ерменската католичка заедница и неговиот татко, отец Абрахам Петојан, биле нападнати денеска во градот Камишли во близина на границата со Турција, додека се движеле кон провинцијата Деир ел-Зор, изјави ѓакон Јаков Парсамјан за ерменскиот сервис на РСЕ. Двајцата требале да учествуваат во реставрација на црква во Деир ел-Зор, објави курдската новинска агенција Хавар. Читать дальше...

Филипче: зголемување на платите на специјалистите и медицинските сестри

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од февруари 2020 година платите на лекарите-специјалисти ќе се зголемат за 25 проценти, додека на медицинските сестри платите ќе им бидат зголемени за 10 отсто, посочувајќи дека заедно со другите зголемувања од 2018 година, платата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, а на медицинските сестри меѓу 25 и 38 проценти. „Заедно со зголемувањата на дежурствата, кои од 2018 година кога беа зголемувањата, се зголемија за двојно за работен ден... Читать дальше...



„Претседателите на ДЛУМ“ и натаму во битка за сопствена галерија

SlobodnaEvropa.mk 

Со дела на дваесеттина врвни македонски уметници од вкупно 30-те досегашни први луѓе на Асоцијацијата, симболично во среда, на 13 ноември во 14 часот, во галеријата на Уметничкиот центар „Арт хаб“ во ГТЦ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Претседателите на ДЛУМ“.

Израелските сили застрелаа Палестинец во Западниот Брег

SlobodnaEvropa.mk 

Израелските сили застреалаа Палестинец за време на денешните конфронтации со демонстрантите кои фрлаа камења во окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти, јавува Ројтерс. Тие велат дека 22-годишен маж бил застрелан во градите во бегалскиот камп Ал-Аруб, во близина на градот Хеброн. Не беше веднаш јасно дали тој учествувал во протестите по повод одбележувањето на 15-годишнината од смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат. Израелската војска не даде веднаш коментар. Читать дальше...

Отстранувањето на винил хлорид од ОХИС е комплексен проблем

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку надлежните утврдат пропусти треба да бараат одговорност, вели управителот на Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, Владо Момировски, откако во петокот во кругот на фабриката ОХИС се излеа течност при перење цистерна која порано содржела метил акрилат мономер. Момировски изјави дека имаат 24-часовно чување со физичко обезбедување на цистерната со винил хлорид во „ОХИС“. Фирмата на која е управител склучила договор со АД „ОХИС“ во стечај, за чистење на 11 заостанати хемикалии. Читать дальше...

Рохани - Опстојувањето на нуклеарниот договор ќе го укине ембаргото за оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани вели дека опстојувањето на нуклеарниот договор од 2015 ќе му овозможи на Техеран да продава и да набавува оружје. „Со продолжување на нуклеарниот договор ќе постигнеме огромна политичка, дефанзивна и безбедносна цел“, рече денеска Рохани. Иран почна да прекршува делови од договорот, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот. Рохани се застапува за целосно спроведување на договорот, додека тврдокорните сили, лути поради чекорот... Читать дальше...

Германскиот министер Мас во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас в среда ќе престојува во работна посета на Македонија.  Предвидено е Мас да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата, како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Читать дальше...

Анализа на Министерството за финансии: Приходите од прогресивниот данок пониски за 51,2 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

За 51, 2 отсто се помали приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок во Република Северна Македонија“. Според анализата, за првите шест месеци од годината се собрани 12, 7 милиони евра по однос на остварени приходи само од прогресивната и повисока стапка на личен доход, со анулиран ефект од пораст на плати и вработувања... Читать дальше...

Четворица демонстранти убиени во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

На протестите во Ирак четири луѓе се убиени, а повеќе од 130 се повредени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во јужниот град Насирија, соопштија групите за човекови права. Полицијата употребила солзавец да ги растера демонстрантите насобрани пред дирекцијата за образование. На протестите досега се убиени најмалку 320 демонстранти. Протестите започнаа минатиот месец кога луѓето незадоволни од условите за живот и високата корупција излегоа на улиците. За реформите во земјата... Читать дальше...

Заев за 27 април - Стравував за својот живот како никогаш дотогаш

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев на сведочење за случај поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието, рече дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот. „Имав страв дека ќе ми заврши животот“, рече Заев. Заев сведочеше во случајот против обвинетиот Илија Петрушевски, вработен во државна служба, во затворот во Идризово. Тој на тоа место работел и во времето на насилството во Собранието, а работи и сега. Петрушевски е обвинет за насилство сторено во Собранието, за време на крвавиот четврток во 2017.

Боливија во хаос по оставката на Моралес

SlobodnaEvropa.mk 

Боливија е потресена од насилство, судири и палење на објекти, откако претседателот Ево Моралес, кој е на чело на државата од 2006 година, поднесе оставка под притисок за спорните избори минатиот месец. Луѓето прво излегле на улиците да прослават, но потоа одредени групи почнале со насилство.  Моралес вчера рече дека ќе се повлече од функцијата за да се смалат тензиите кои почнаа откако беше објавено дека победил на изборите со нерегуларности. Оставки си поднесоа и многу членови на владата. ... Читать дальше...

Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО до крајот на годинава

SlobodnaEvropa.mk 

Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО, изјави денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Тој вели дека процесот на ратификација е во тек и без проблеми треба да се ратификува. Тимоние изјавата ја даде по комеморацијата на француските воени гробишта во Скопје, по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост. Протоколот за членство во НАТО, освен Франција, уште треба да го ратификуваат и Холандија и Шпанија. Тимоние... Читать дальше...

Закон за опојни дроги под итно, бараат производители на канабис

SlobodnaEvropa.mk 

Поради големите залихи на сув цвет од канабис кој во моментот не може да се извезува, од здружението „Макканабис“ бараат итно донесување на законот за опојни дроги и психотропни супстанции. Тој беше повлечен од собраниска процедура по реакциите на опозицијата дека се носи за лични интереси на семејството на премиерот Зоран Заев и негови блиски луѓе.


Музыкальные новости
Юрий Шевчук

Певица Алла Пугачева встретилась с Шевчуком во время концерта ДДТ на Кипре





Rss.plus
#123ru.net

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»




На фестивале «Московская весна» на Городецкой улице дети учились основам режиссуры

«Лес Будущего» высадят вблизи мытищинской деревни Еремино

Спортсмены Серпухова поучаствовали в турнире «Eurasia Pankration OpCup 2024»

Блогеры Влад А4 и Юлия Годунова стали родителями




Александар Сорос се сретнал со Заев во Охрид поради „мини Шенген“

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев викендов во рамките на работните средби во Охрид се сретнал и сo заменик- претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, потврдија од Владата.  Во писмениот одговор се вели дека како средбата била дел од новата регионална иницијатива за Западен Балкан. Средби биде одржани со  претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Регионалниот совет за соработка, како и со заменик - претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос... Читать дальше...

Анализи за ОХИС - Во воздухот немало отровни супстанци

SlobodnaEvropa.mk 

Опасната материја метил акрилат ја имало во цевките на цистерната во ОХИС, но во воздухот немало отровни супстанции, покажале мерењата на Штипскиот универзитет, што денеска ги презентираа од Министерството за животна средина. Министерот Насер Нуредини на денешниот брифинг со новинарите рече дека ситуацијата е под контрола и дека инспекторатот ја среди ситуацијата. Нудерени рече дека ќе се бара и одговорност од сопственикот на фирмата за тоа што се случило. Во петокот, во кругот на Охис дошло... Читать дальше...

Чавушоглу - НАТО е неопходно

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека НАТО е неопходно. Тој пред новинарите во Брисел, каде пристигна за заседанието на Советот на ЕУ за надворешни работи ја бранеше Aлијансата по критиките од Франција и до САД за сојузот. „Навистина верувам во иднината на НАТО“, додаде Чавушоглу. Според него, воениот сојуз е неопходен за зачувување на заедничките вредности, мирот и стабилноста. Турскиот министер денеска ќе им се приклучи на своите европски колеги во разгледувањето... Читать дальше...

Во Босна уапсени осум луѓе за местење фудбалски натпревари

SlobodnaEvropa.mk 

Босанските власти уапсиле осум луѓе за местење фудбалски натпревари. Босанското обвинителство соопшти дека тие се соочуваат со обвинение за организиран криминал, за мито и за злоупотреба на служба. Осомничените барале и примале подароци и други придобивки за да ги поправат резултатите за натпреварите во сезоната 2018-19. Акцијата под кодно име „Вар“ се однесува на фудбалски менаџери и функционери од Фудбалскиот сојуз на БиХ кои местеле натпревари.

Валкана кампања на социјалните мрежи и Мини Шенген

SlobodnaEvropa.mk 

Состанокот на лидерите на Македонија, Србија и Албанија во Охрид, како дел од иницијативата „Мал Шенген“ и користењето на социјалните мрежи во политичката кампања се меѓу најкоментираните теми од нашите читатели.

ЦГК - Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра - најмногу пари за јавни набавки

SlobodnaEvropa.mk 

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години, во 2017 година изнесуваше 53,6 проценти, а во 2016 година 51,7 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Во нивното истражување се рангирани 21 институција, според транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки. Анализата се однесува на 2018. Читать дальше...



Москва

Стоматолог Татьяна Сумцова: какие зубные пасты вредны для зубов


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

Концерт в музее имени П.И. Чайковского




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков


WTA

Свёнтек прошла в полуфинал турнира WTA-1000 в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Владимир Путин

ООН незаметно признала Путина: Сообщено об официальном письме



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России