Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Новости за 30.11.2019

Пицула: Хрватското претседателство шанса за проширувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула изјави дека самитот во Загреб во мај за време на хрватското претседателство со ЕУ е шанса работите во регионот да се деблокираат и прашањето за проширувањето да се направи еден од приоритетите. Пицула кој е именуван за известувач на Европскиот парламент за препораки за Западен Балкан пред самитот изрази очекување Европскиот совет да даде една полуподдршка за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, бидејќи тие земји го исполниле сето она што се... Читать дальше...

Завршена изградбата на мостот кој ги поврзува Русија и Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Завршена е изградбата на првиот патнички мост кој ги поврзува Русија и Кина и кој се очекува официјално да се отвори напролет наредната година, соопштија руските власти. Локалните власти сооопштија дека мостот над реката Амур претставува воспоставување „нов меѓународен коридор за транспорт“. Според нив, мостот ќе овозможи двете земји целосно да го достигнат нивниот транзитен потенцијал. Мостот, наводно, чини околу 295 милиони долари и е долг 518 метри.

Холандија се приклучува на француската мисија во Персискиот залив

SlobodnaEvropa.mk 

Холандските власти соопштија дека ќе учествуваат во мисијата предводена од Франција за набљудување на рутите за испорака во регионот на Перскискиот залив почнувајќи од јануари. Советот на министри, како што наведе холандското министерство за одбрана, одобрил распоредување на фрегата на шест месеци со цел да се зголеми безбедноста во важниот стратешки реон.  Франција се залага за европска алтернатива во Ормутскиот теснец, откако ја исклучи можноста да се приклучи на коалицијата предводена од САД... Читать дальше...



Затворени училишта и универзитети во Иран поради загадувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Училишта и универзитети се затворени во некои делови од Иран, како и во главниот град Техеран поради високото ниво на загаденост на воздухот. Одлуката била донесена на вчерашниот состанок на комитетот за итни ситуации. Младите и возрасните лица со респираторни проблеми биле предупредени да не ги напуштаат своите домови, а суспендирани се и сите спортски активности. Од средината на ноември во Техеран постојано е забележана висока загаденост на воздухот и смог.

Заев-Марковиќ: Иднината на регионот е во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

На средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ во Подгорица, како што соопшти владината прес-служба, биле потврдени одличните традиционални и пријателски односи помеѓу двете држави, без отворени прашања, што одат во нагорна линија. Според соопштението, заеднички било констатирано дека заокружувањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот.  Двајцата премиери, како што се наведува... Читать дальше...

Мишел: До мај ќе биде јасна реформата на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Новоизбраниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел изјави дека до мај и самитот ЕУ-Балкан ќе биде јасно како ќе изгледа реформата на Европска Унија и дали истата ќе биде формален услов за согласност за отпочнување преговори на Унијата со Северна Македонија и Албанија.  Тој во интервју за полскиот весник „Газета виброча“ на прашањето „Дали реформата на процесот на проширување ќе биде формален услов за согласност за старт на преговорите со Албанија и Северна Македонија?“ одговори дека ако сега... Читать дальше...

СДСМ со барање за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ денеска соопштија дека партијата поднела барање за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Целта на барањето, според СДСМ, е да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. „Ова е шанса за пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците. Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето“, наведуваат од СДСМ.  Од владејчката... Читать дальше...

Полицијата трага по одговорниот за нападот во Хаг

SlobodnaEvropa.mk 

Холандската полиција соопшти дека се уште е во потрага по мажот кој прободе и повреди со нож три лица во центарот на Хаг. Полицијата врши проверка на железничките станици и локалните мрежи за транспорт. На трите жртви, според полицијата, им било дозолено да ја напуштат болницата без да дадат детали за нивна состојба и за мотивот за инцидентот. Медиуми од земјата јавија дека немало знаци дека се работи за тероризам, повикувајќи се на неколку извори. Полицијата информираше дека во предвид ги зема сите сценарија за нападот.



Амнестијата за „27 април“ в среда на седница на Уставен суд

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд на седницата закажана за среда ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија врз основа на кои беа амнестирани инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Во членот 1 се наведува дека се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор, лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Џонсон го предупреди Трамп да не се меша во изборите во Британија

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека најдобро би било американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во претстојните избори кога ќе го посети Лондон за да присуствува на самитот на НАТО во наредната недела. „Она што најчесто не го правиме, традиционално како сојузници и пријатели е да не се вклучуваме во меѓусебните изборни кампањи“, изјави Џонсон. Конзервативната партија на Џонсон води во анкетите пред изборите закажани за 12 декември.

Завршена потрагата по преживеани од земјотресот во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој во средата ја погоди земјата загинале 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени. Тој информира и дека потрагата и спасувачките операции по преживеаните официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините. Според прелиминарните проценки, како што наведе Рама, околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени. Земјотресот беше со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Напаѓачот во Лондон имал врски со Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Британските власти соопштија дека напаѓачот кој со нож уби две лица во Лондон претходно бил во затвор врз основа на обвиненија тероризам и планирал да отвори терористички милитантен центар за тренинг во Пакистан. Според властите, напаѓачот е 28 годишниот Усман Кан и информираа дека не се во потрага по други осомничени за случајот. Кан беше застрелан од полицијата откако уби еден маж и жена и повреди друг маж и две жени.

Заев во посета на Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска е во посета на Подгорица. Предвидено е, како соопшти владината прес-служба, Заев да има билатерална средба со неговиот колега, црногорскиот премиер Душко Марковиќ. Заев ќе присуствува и на Конгресот на ДПС на Црна Гора, каде ќе има кусо обраќање.

Променливо облачно време со врнежи од дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната од 6 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Видео надзор само за безбедност, во спротивно нема приватност

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици камери низ Скопје секојдневно вршат видео надзор. Од МВР најавија надградба на системот за ловење на сообраќајни прекршоци. Според упатените, постои можност правата на граѓаните да бидат злоупотребени од будното око на МВР.



Москва

В Москве произошла драка с участием 15 человек, двое в больнице


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Сергей Брановицкий

Создание Сайтов. Создание веб сайта. Создание сайта html. Создание сайтов цена. Создание и продвижение сайтов. Создание сайта с нуля. Создание интернет сайта.




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Курсант Пермского военного института Росгвардии принял участие в финале интеллектуальной олимпиады Приволжского федерального округа

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


WTA

Потапова проиграла на старте турнира WTA-500 в Страсбурге



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Чеченка Лия Заурбекова поделилась подробностями конфликта с семьей в полиции



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России