Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Ноябрь
2019

Новости за 27.11.2019

Апликациите на "Епл" го прикажуваат Крим како дел од Русија

SlobodnaEvropa.mk 

"Епл" го прикажува украинскиот полуостров Крим како дел од Русија на некои свои апликации, потег што пратениците во Москва го поздравија како корекција на претходната „грешка“ од страна на американскиот технолошки гигант, но сигурно е дека тоа го лути Киев. Сепак, прикажувањето на полуостровот на Црното Море на Украина како руска територија на „Епл мапс“  се чини дека се случуваат само за корисниците во Русија. Кога користите апликации од Соединетите држави, Украина и во делови од Европа, не... Читать дальше...

ХРВ: Иран ги прикрива репресивните мерки на протестите

SlobodnaEvropa.mk 

Иран „намерно го прикрива“ степенот на репресивните мерки преземени против оние кои учествуваа на протестите против зголемувањето на цената на горивата, се вели во новиот извештај на Хјуман рајтс воч (ХРВ). Во извештајот објавен денеска, групата за човекови права на Соединетите Држави наведе дека повеќе од 140 луѓе загинале, а околу 7.000 биле притворени за време на протестите во повеќе од 100 градови низ Иран минатата недела.  Властите допрва треба да објават какви било официјални информации за... Читать дальше...

Дискриминацијата на Ромките тешко се искоренува

SlobodnaEvropa.mk 

Ромките се соочуваат со повеќе видови дискриминација, а трпат и насилство, но често и не го препознаваат, па не го ни пријавуваат. Состојбите може да се сменат, но не се знае колку време ќе биде потребно за тоа. Невладини работат на подигање на свесноста за образование и за економско јакнење.



Тачи во посета на настраданите во Туман

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи доцна поплдне го посети Туман едно од најпогодените место од катастрофлниот земјотрес што Албнија ја погоди вчера утрото. За време на неговиот престој и тој го почувствува новиот земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентр во Драч. Потресот се случи во моментот кога тој дваше изјава за медиумите. За миг се создаде паника, но присутните ги смируваше албанскиот вице премиер Ерион Браче.

Воен претставник вo НАТО најдоцна до идната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Воен претставник во Мисијата на НАТО се очекува да биде избран и испратен до самитот на Алијансата во Лондон кој е идната недела, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа појасни дека во Министерството за одбрана веќе бил распишан интерен оглас за пројавување интерес за оваа позиција и оти има листа на потенцијални кандидати. "Имаме список на кандидати кои што ги исполнуваат одредените критериуми и уште во текот на денмешниот ден ќе имам средба со Претседателот и ќе разговараме за предлозите што јас ги имам или што тој ги има.

Државната администрација се приклучи на акцијата за чистење на ѓубрето

SlobodnaEvropa.mk 

„В сабота, 14 декември, сите вработени од институциите ќе се приклучат на граѓанската иницијатива ‘Не биди ѓубре’, со мотото ‘Чистиме со ‘Не биди ѓубре”, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција. Во акцијата учество ќе земат вработените од државните институции, а ќе се одвива на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата. “Во акцијата се очекува да бидат вклучени над 40.000 луѓе. Ова ќе биде масовна акција за чистење... Читать дальше...

Поддршка на САД на евроатланската интеграција на БИХ

SlobodnaEvropa.mk 

Жељко Комшиќ, претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина,  оствари работна посета на Пентагон само неколку дена откако земјата презеде чекори за активирање на Акцискиот план за членство во НАТО. Комшиќ, се состана со Џејмс Андерсон, кој ја извршува должноста на заменик-потсекретар за одбрана и политика. Ова е прва официјална посета на Комшиќ на Соединетите држави, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. “ На разговорите е констатирана поддршката на САД за полноправно... Читать дальше...

Д.А. Лори: Пишувам за да станам оптимист!

SlobodnaEvropa.mk 

Јас не тврдам дека пишувам ангажирана поезија. Далеку од тоа. Меѓутоа имам потреба да го искажам незадоволството, разочараноста, ќе рече Долорес Атанасова – Лори, добитничката на наградата „Тодор Чаловски“, во пресрет на промоцијата на третата стихозбирка „Небо во кафез“ во својот Охрид.



Нов земјотрес од 5,3 степени регистриран во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Уште еден земјотрес со сила од  5,3 степени според Рихтеровата скала во 15 часот и 45 минути ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил во Јадранско Море, на длабочина од 10 километри. Во земјотресот што вчера ја погоди Албанија со јачина од 6,4 степени загинаа најмалку 31 човек, а над 650 се повредени.

Фон дер Лајен: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да немаат нови правила на проширување

SlobodnaEvropa.mk 

По изборот на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пред новинарите изјави дека Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат со преговори, јави МИА. „Целосно сум убедена дека е во наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ“... Читать дальше...

ЕП избра нов известувач за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватскиот европарламентарец Тонино Пицула денеска е именуван за известувач на Европскиот Парламент за препораките за Западен Балкан, пред Самитот во Загреб во мај 2020 година. Тој ќе биде одговорен за изработка на препорака од ЕП до Европскиот совет и Еврокомисијата со цел отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. „Дебатата за реформи не смеат да го запрат процесот. Државите треба да бидат оценувани индивидуално, врз основа на индивидуалните заслуги и постигнувања. Црна Гора... Читать дальше...

Боливија по една деценија именуваше амбасадор во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Привремената влада на Боливија назначи амбасадор во Соединетите Американски Држави, за првпат после една деценија. Земјата ја менува надворешната политика под водство на конзервативната привремена претседателка Жанин Анез, која ја презеде претседателската функција по оставката на долгогодишниот левичарски лидер Ево Моралес. Тој си поднесе оставка претходно овој месец под притисок на јавноста. За амбасадор на Боливија во САД е назначен Валтер Оскар Серат Куелар. Номинацијата мора да биде одобрена од Конгрес... Читать дальше...

Шекеринска - Не треба да се загрозува членството во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вели дека би било неодговорно да направиме што било што ќе го загрози членството во НАТО. Баравме земјите членки да брзаат и ние треба мудро да го искористиме времето. Прашањето ни е важно и не е во ред да го одлагаме. Одложувањето на изборите не е опција, рече шекеринска. Таа одговараше на новинарско прашање за коментарза изјавата на претседателот Талат Џафери дека нема намера повторно да го свика распуштениот Парламент заради ратификација на Протоколот за НАТО. Читать дальше...

Повредените 26 мигранти во сообраќајка се во стабилна состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Повредените мигранти во сообраќајната несреќа која се случила рано  утрото се во стабилна состојба, велат од болницата во Куманово. Во болница биле донесени 26 мигранти, откако возилото со кое се превезувале излетало од патот. Сообраќајката се случила на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, кај месноста викана „Градиште“. Возачот е во бегство. Од мигрантите, 15 се државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак, од нив седум биле малолетни лица. Од Хируршкото одделение при Општа... Читать дальше...

Судење за „Монструм“ – Се бара Заев да биде повикан како сведок

SlobodnaEvropa.mk 

На денешното судење за случајот „Монструм“, еден од родителите на убиените кај Смилковско Езеро повторно повика премиерот Зоран Заев да биде повикан како сведок и Судот да ја обезбеди снимката од Собрание каде Заев, одговарајќи на пратенички прашања, зборува за петкратното убиство во 2012. Денеска се изведуваа докази, односно се читаа СМС пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството. Родителот на еден од убиените инсистираше Заев да биде донесен додека... Читать дальше...

Град Скопје одвои 50 илјади евра за настраданите во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на Град Скопје одвои 50 илјади евра помош за настраданите во Албанија. Одлуката е донесена на денешната редовна седница. Градоначалникот Петре Шилегов посочи дека пожарникарите и екипите со термални дронови се уште се во Драч, каде помагаат во пронаоѓање на цивили и расчистувањето на штетите од земјотресот. Од Владата соопштуваа дека тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување се во Албанија. Како што информираат денеска од владината прес-служба... Читать дальше...

Собранието во декември - буџет, обраќање на Пендаровски, довршување на почнатите седници

SlobodnaEvropa.mk 

Комисиската расправа за предлог Буџетот за 2020 година се очекува да заврши на 10 декември, по што се враќа во Владата, која пак, во рок од два три дена треба да го достави повторно во Собранието. Пленарната седница за Буџетот треба да се одржи на 16 декември, заедно со предлог-законот за извршување на Буџетот. Рокот за расправа по Буџетот изнесува пет работни дена, информира претседателот на Собранието Талат Џафери, а, како што рече, дали ќе трае пет или помалку денови ќе зависи од текот на расправата. Читать дальше...

Меркел - Германија има интерес НАТО да остане заедно

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел се стави во одбрана на НАТО по критиките на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Сојузот има „мочен удар“. Таа вели дека Германија сега има поголем интерес Алијансата да остане заедно, отколку што имала интерес за време на Студената војна. Меркел рече дека НАТО во изминатите 70 години е „мерач на мирот и слободата“. „Одржувањето на НАТО е во наш интерес, повеќе отколку што беше за време на Студената војна“, рече Меркел пред парламентот. Макрон на... Читать дальше...

Никој не е толку „будала“ да гради без сеизмичка заштита?

SlobodnaEvropa.mk 

Експерти од Асоцијацијата на архитекти на Македонија сметаат дека законите во земјава предвидуваат строги стандарди за безбедност при градење, но оти од друга страна не може да се гарантира безбедноста на дивоградбите, кои не се во мал процент.


Музыкальные новости
Желдорреммаш

На заводах АО "Желдорреммаш" внедряется автоматизированная система по рекламационно-претензионной работе “Астрея”





Rss.plus
#123ru.net

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»




Посол Германии вернется в Москву

Как редакция PEOPLETALK готовится к лету

Мария Багреева: контрактная система Москвы направлена на развитие конкурентной среды и поддержку российского бизнеса

Сухостой уберут в Ивантеевке по просьбам жителей




Изгласан новиот состав на Европската Комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент го изгласа новиот состав на Европската комисија. Европратениците денеска одобрија германската конзервативка Урсула вон дел Лајен да ја предводи Европска комисијата, која треба да почне со работи на 1 декември. Во Парламентот во Стразбур 461 пратеник гласаа „за“, 157 беа против, а 89 гласаа воздржано. Фон дер Лајен, претходно ја претстави програмата и составот на новата Европска комисија, велејќи дека ЕУ ќе ја добие геополитичката комисија што и е итно потребна. „Во текот на следните пет години... Читать дальше...

Протести во Казахстан за да се почитуваат човековите права

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици активисти се собра на протест во главниот град на Казахстан, Нур Султан, со барање до Европската унија да извршат притисок врз локалните власти за почитување на човековите и граѓанските права во земјата. Активистите се собраа пред канцеларијата на Европската унија повикувајќи ги претставниците на канцеларијата да излезат за да можат да ги изнесат своите барања. Но никој не се сретна со демонстрантите. Тие држеа знамиња на ЕУ и транспаренти на кои пишува дека бараат „Слобода за политичките затвореници“... Читать дальше...

Пратениците глуви за обезглавените институции

SlobodnaEvropa.mk 

Невладините протестираа пред Собранието денеска бараа од пратениците итно и неодложно до распуштањето на Парламентот да изберат директори за Завод за ревизија, Дирекцијата за заштита на податоци, Агенцијата за слободен пристап до информации како и членови на Судскиот совет и Комисија за спречување на дискриминација.

Фон дер Лајен - Вратите на ЕУ остануваат отворени за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Новизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, рече дека вратите на ЕУ остануваат отворени за Западен Балкан. Претставувајќи ја програмата и составот на новата Европска комисија таа рече дека треба да им покажат на пријателите од Западен Балкан дека споделуваат ист континент, иста историја, иста култура и ја делат истата судбина. Таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан и продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион. Читать дальше...

Џафери - Не се прават измени на изборен модел пред избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува на трети јануари да се одржи седницата за избор на техничка влада, а на 12 април да има избори, оти, како што вели засега нема никакви најави за одложување на изборите. Тој очекува собранието да се распушти на 12 февруари. Останува на ставот дека не треба да се свикува седница за гласање за протоколот за НАТО по распуштањето на Собранието, но како што вели сигналите од Шпанија се дека тие би го ратификувале во јануари, па има време тоа да се направи и во нашето Собрание додека не се распушти. Читать дальше...

Боки 13 ноќта ја поминал на интензивна

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е задржан на лекување во градската болница Осми септември, потврдија оттаму за Радио Слободна Европа. Од болницата велат дека причина за неговото задржување во болница е потребата од дополнителни испитувања, поради тегобите на кои се жали. Тој е сместен на интензивна нега поради безбедносни причини, а не поради здравствената состојба. Лекарите велат дека откако ќе му бидат направени дополнителните испитување ќе биде вратен во притвор. Читать дальше...



Москва

Konica Minolta Business Solutions Russia и Facemetric предложат заказчикам решения на базе технологий компьютерного зрения


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Юрий Башмет

В Красноярской филармонии пройдет отбор в юношеский оркестр Башмета




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»


Даниил Медведев

Даниил Медведев одолел 121-ю ракетку мира Меджедовича и вышел в 1/8 финала Рима



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Бато Багдаев

Дети из Узбекского землячества Бурятии увидели театр кукол «Ульгэр»: Россия и Культура



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России