Нови докумети- тимот на Трамп ја туркал идејата за украинските хакери
Поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп ја туркал идејата летото 2016 година дека Украина, а не Русија е одговорна за хакирањето на компјутерскиот сервер на Демократскиот национален комитет, покажуваат ново објавените документи.
Од документите, кои и станаа достапни на јавноста вчера, се гледа дека заменикот менаџер на кампањата Рик Гејтс му ја кажал на ФБИ теоријата на Пол Манафорт за време на интервјуата извршени во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер за руско мешање во американските претседателски избори.
Одделението за правда објави 500 страници од интервјуа, електронска пошта и други документи поврзани со извештајот на Мулер, а по судската битка со американските медиуми Базфид и Си ен ен. Новите информации упатуваат дека луѓето од тимиот на Трамп и околу него ја туркале тероијата за улогата на Украина далеку порано од што се мислеше.