Заев-Курти: Добрите односи и иницијативи значајни за регионот
![Заев-Курти: Добрите односи и иницијативи значајни за регионот](https://gdb.rferl.org/3CD1DCA9-46C4-42B9-9E1D-E1C9CE368EDF_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев и претседателот на партијата „Самоопределување“ од Косово, Албин Курти на денешната средба констатирале дека добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу меѓу двете земји се од исклучително значење за Западен Балкан и за регионот од аспект на заедничките аспирации за членствово Европската Унија.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Северна Македонија и Косово.
На средбата како приоритети биле издвоени проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје-Блаце, се посочиле како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Северна Македонија и југозападниот регион на Косово.