Јоксимовиќ: Европското НЕ за Македонија не е СТОП за Србија
![Јоксимовиќ: Европското НЕ за Македонија не е СТОП за Србија](https://gdb.rferl.org/55BA9D62-A699-4E45-B463-747D8444138A_cx0_cy9_cw80_w800_h450.jpg)
Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави денеска дека не очекува одлуката на Европскиот совет за Северна Македонија и Албанија, да го попречи европскиот пат на Србија. Таа за ТВ Пинк изјави дека политиката на проширување има свои подеми и падови, но дека „вратата не е затворена“, особено не за Србија, која, како што вели, е длабока во пристапниот процес, јави МИА од Белград.
Зборувајќи за одложување на почетокот на преговорите за Северна Македонија и Албанија, Јоксимовиќ оцени дека се слушнале многу различни наративи и мислења, како оние дека тоа е катастрофа или историска грешка, но таа сето ова, таа не би го сфатила толку
драматично.