Четворица демонстранти убиени во Ирак
На протестите во Ирак четири луѓе се убиени, а повеќе од 130 се повредени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во јужниот град Насирија, соопштија групите за човекови права.
Полицијата употребила солзавец да ги растера демонстрантите насобрани пред дирекцијата за образование.
На протестите досега се убиени најмалку 320 демонстранти. Протестите започнаа минатиот месец кога луѓето незадоволни од условите за живот и високата корупција излегоа на улиците.
За реформите во земјата денеска разговараат и претставникот на ОН за Ирак, Жанин Хенис Плашерт, и ајатолахот Ал ал Систани. Ајатолахот рекол дека поддржува спроведување на сериозни реформи во разумен временски период, но изразил сомнежи дека политичките сили не се доволно сериозни за да ги спроведат реформите.