Боливија во хаос по оставката на Моралес
Боливија е потресена од насилство, судири и палење на објекти, откако претседателот Ево Моралес, кој е на чело на државата од 2006 година, поднесе оставка под притисок за спорните избори минатиот месец.
Луѓето прво излегле на улиците да прослават, но потоа одредени групи почнале со насилство.
Моралес вчера рече дека ќе се повлече од функцијата за да се смалат тензиите кои почнаа откако беше објавено дека победил на изборите со нерегуларности. Оставки си поднесоа и многу членови на владата.
Се уште не се знае кој ќе застане на чело на земјата до одржување на новите избори. Според боливиските закони ако претседателот и потпретседателот се повлечат на чело на земјата доаѓа шефот на Сенатот, но во овој случај тоа исто така не е можно зошто и тој си даде оставка вчера. Властите се очекува денеска да одлучат кој ќе ја има привремената контрола во земјата.