Во Босна уапсени осум луѓе за местење фудбалски натпревари
Босанските власти уапсиле осум луѓе за местење фудбалски натпревари. Босанското обвинителство соопшти дека тие се соочуваат со обвинение за организиран криминал, за мито и за злоупотреба на служба. Осомничените барале и примале подароци и други придобивки за да ги поправат резултатите за натпреварите во сезоната 2018-19.
Акцијата под кодно име „Вар“ се однесува на фудбалски менаџери и функционери од Фудбалскиот сојуз на БиХ кои местеле натпревари.