Убиен ерменски католички свештеник во Сирија
Непознато вооружено лице застрела ерменски католички свештеник и неговиот татко, додека патувале со автомобил во североисточна Сирија.
Отец Ховсеп Петојан – поглавар на Ерменската католичка заедница и неговиот татко, отец Абрахам Петојан, биле нападнати денеска во градот Камишли во близина на границата со Турција, додека се движеле кон провинцијата Деир ел-Зор, изјави ѓакон Јаков Парсамјан за ерменскиот сервис на РСЕ.
Двајцата требале да учествуваат во реставрација на црква во Деир ел-Зор, објави курдската новинска агенција Хавар.
Третиот човек, ѓакон од градот Ал-Хасакех, наводно бил повреден во нападот, за кои одговорност презеде екстремистичката група Исламска држава.
Повеќе од 100.000 етнички ерменци живеат во Сирија, главо во севернозападната провинција Алепо. Многу од нив ја напуштија земјата, вклучително илјадници кои заминаа во Ерменија.
Според извештаите, денеска во три бомбашки напади загинаа најмалку три лица и пет други се повредени во градот Кумишли каде живеат мнозинство Курди.