Мицевски за предлог буџетот - Заев инвестира во потенцијален изборен поткуп
![Мицевски за предлог буџетот - Заев инвестира во потенцијален изборен поткуп](https://gdb.rferl.org/2F624747-DF9F-4760-B561-1A8DF1E5CEE3_cx0_cy0_cw69_w800_h450.jpg)
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Мицевски денеска изјави дека власта во 2020 година планира да потроши 3,9 милијарди евра, на популистички и неразвојни програми. Тој вели дека премиерот Зоран Заев и министерката Нина Ангеловска денеска го презентирале најголемиот буџет во историјата на државата.
„3,9 милијарди евра буџет, а ниту денар повеќе за капитални инвестиции, ниту денар повеќе за развој. Буџетот на Заев е најнеразвојниот буџет кој Македонија некогаш го имала. Одвојувањето на само 380 милиони евра за капитални инвестиции кога буџетот е проектиран на 3.9 милијарди евра е смешно “, вели Мицевски.
Тој вели дека Заев ги залажува и пензионерите, и, како што вели, првин им скратил три години по ред по 600 денари покачување, за сега да им ветува само 700 денари.
Мицевски вели дека Заев инвестира во потенцијален изборен поткуп.