Заев на 14 ноември на Самит во Солун
![Заев на 14 ноември на Самит во Солун](https://gdb.rferl.org/650A7F76-CA2E-4BCF-9F9D-2FBF5D4CE703_cx0_cy0_cw97_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев на 14 и 15 ноември ќе учествува на годинашниот Самит во Солун, кој е под покровителство на грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос. Заев, како што соопшти владината прес-служба, на самитот е поканет заедно со премиерите на Грција и на Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”.