Лукашенко повика на поблиски односи на Белорусија со ЕУ
Белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на неговата посета на Австрија повика на поблиски односи со ЕУ. Тој на прес конференцијата со неговиот австриски колега Александар Ван Дер Белен изјави дека земјата е важен политички и бизнис партнер на Белорусија. Според него, Виена може да помогне во нормализација на односите на Белорусија со ЕУ.
Прашан за ситуацијата со човековите права во Белорусија, тој одговори дека „тоа е земја во која секој може да се релаксира во мир и безбедност. Тој порача и дека граѓаните на Белоруситја уживаат право на живот, право на работа во земјата и во странство и право на бесплатно образование.