Уапсени тројца осомничени за планирање напади во Германија
![Уапсени тројца осомничени за планирање напади во Германија](https://gdb.rferl.org/4C33257A-0071-4E11-8588-1D670F6C0364_w800_h450.jpg)
Обвинителството во Франкфурт соопштии дека полицијата извршила претрес во три станови во градот Офенбах каде ги притворила осомничените. Првоосомничениот е 24-годишен германски државјанин со македонски корени, а според обвинителството, тој обезбедил материјали потребни за правење експлозиви и на интернет барал огнено оружје. Другите двајца осомничени се турски државјани на возраст од 22 и 21 година.
„Интервенцијата се случи навреме за да се спречи конкретна закана“, изјави обвинителот на Франкфурт, Надја Нисен.
Според неа, осомничените планирале напади со намера да убијат што е можно повеќе луѓе.