Арменд Аслани нов заменик министер за здравство
Арменд Арслани од редовите на ДУИ е нов заменик-министер за здравство. Собранието на денешната седница со 62 гласа „за“ и 17 „против“ го именува Арслани на функцијата.
Тој е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, а претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Претходниот заменик министер Асим Муса поднесе оставка по скандалот со земање мито.