Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО
![Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО](https://gdb.rferl.org/967052DD-CFD6-42CA-ADF7-088FD7C858FE_w800_h450.jpg)
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на социјалните мрежи соопшти дека холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
За ратификација на протоколот за НАТО остануваат уште Франција и Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави оти се очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, по што останува само ратификацијата во Шпанија, за што поточни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.