Владата и годинава ќе субвенционира весници
![Владата и годинава ќе субвенционира весници](https://gdb.rferl.org/3CFFA293-167F-4126-8B48-4C2C4E863C9C_cx42_cy28_cw59_w800_h450.jpg)
Владата втора година по ред одвојува 50 милиони денари (околу 820 илјади евра), за субвенционирање на печатените медиуми. На последната владина седница бил усвоен нов текст за Програмата за поддршка на печатените медиуми, на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Генералниот секретаријат на Владата ќе објави Јавен повик на кој заинтересираните може да се пријават.
Минатата година 11 дневни весници и неделници добиле околу 700.000 евра за покривање на трошоците за печатење и дистрибуција.
Од Македонската асоцијација на медиуми (МАН) реагираат на ваквата одука и велат дека станува збор за поткупување медиуми. МАН смета дека оваа одлука на владата е дискриминирачка, бидејќи се фаворизираат и финансираат само печатени медиуми, а дискриминирани се телевизиите и електронските портали.