Русија поканета посилно да инвестира во Северна Македонија
Северна Македонија и Руската Федерација традиционално одржуваат пријателски односи, земјите најмногу соработуваат во енергетиката, транспортот и земјоделството, беше истакнато на македонско-рускиот бизнис форум во Скопје. Сепак, двете страни имаат различни бројки за вкупната трговска размена.