Милчин вторпат со „Пантаглез“ - овојпат како распродажба на историјата
Режисерот Владимир Милчин по скоро половина век на сцената на Драмски театар – Скопје повторно ја донесува „Пантаглез“ претставата работена по актуелниот текст на белгискиот писател Мишел де Годоар. Премиерата на проектот е закажана за в сабота, 16 ноември во 20 часот.