Илјадници Грузијци на протест за изборни реформи
Илјадници Грузијци излегоа на улиците пред Парламентот во Тбилиси на протест откако пратениците ја отфрлија новата изборна реформа. Демонстрантите носат грузиски и знамиња на ЕУ и НАТО.
Опозицијата на 14 ноември се обиде да изврши притисок врз владејачкото мнозинство да прифати целосно пропорционален изборен модел. Сега половина од пратениците се бираат на пропорционални листи. Предвидено е промената да се случи од 2024 година, но опозициските партии бараат тоа да се забрза, зашто сегашниот систем ја фаворизира владејачката партија „Грузиски сон“.
Неизгласувањето на реформите предизвика протести на 15 ноември, како и критики од Парламентарното собрание на Советот на Европа и Американската амбасада во Тбилиси.
Партијата Грузиски сон, вклучително и нејзиниот лидер и основач, милијардерот Биѕина Иванишвили, поддржаа забрзување на реформите, но мерките сепак не беа изгласани.