Вучиќ - Новинарите не се виновни за мојата здравствена состојба
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес-конференција ги отфрли шпекулациите дека новинарските прашања се причина за неговото влошено здравје. Тој вели дека новинарите немаат никаква врска со неговото здравје, туку е хронично болен и плус имал акутни проблеми.
„Тоа е моја работа и никој нема врска со тоа“, рече Вучиќ на прес-конференција.
Вучиќ вели дека не бега од новинарски прашања и дека никогаш не избегал, туку дека, напротив, тој е секогаш подготвен да одговори на сите прашања на новинарите бидејќи му се дава можност да укаже на лагите што ги користат одредени медиуми или политички противници и да им покаже на граѓаните што е вистина.
Претходно се пишуваше по медиумите дека новинари биле виновни за влошување на неговата здравствена состојба.
Вучиќ викендов го помина во болница заради кардиоваскуларни проблеми.