Тачи - Косово се стреми кон НАТО
КФОР станува се помалку потребен, Косово се стреми кон НАТО, изјави денеска претседателот на Косово, Хашим Тачи. Тој на церемонија по повод смената на командата на воената мисија КФОР, изјави дека заедничките успеси на косовските безбедносни сили со НАТО го прават присуството на таа меѓународна мисија во земјата да биде се помалку потребна.
Тачи вели дека КФОР е „доверлива мисија за зачувување на мирот во Косово“ и нагласи дека благодарение на досегашната соработка со меѓународните сили беше формирана Војската на Косово.
Косовскиот претседател порача дека Косово останува посветено на постигнувањето траен мир во регионот и изрази надеж дека неговата земја наскоро ќе биде дел од Северноатлантската алијанса.
Италијанскиот генерал-мајор Микеле Риси ја презеде денеска командата на КФОР од неговиот сонародник, генерал-мајорот Лоренцо Д‘Адарио, кој беше на чело на мисијата на НАТО во Косово од 28 ноември 2018 година.