Москва му ги врати трите бродови на Киев
Украинската морнарица соопште дека трите бродови кои ги зароби Русија пред скоро една година, се вратени во многу лоша состојба и оти не можат да се вратат на пристаништето под нивна контрола.
Шефот на Морнарицата Ихор Воронченко денеска изјави дека поради нивната состојба, двата мали украински оклопни бродови и малиот влечен брод, се префрлаат полена со помош на други бродови.
„Тие не можат сами да пловат. Русија ги уништи – дури одземени им се светилките, струјата и тоалетите. Ќе го покажеме на целиот свет рускиот варваризам кон бродовите“, вели Воронченко.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски се очекува денеска подоцна да ги пречека бродовите на пристаништето Очакив во јужниот регион Миколаив.
На 25 ноември 2018 година бродовите на Руската крајбрежна стража отворија оган и ги запленија трите украински бродови и нивниот екипаж составен од 24 морнари во теснецот Керч, додека тие беа на пат од Црното Море до украинското пристаниште Мариупол на Азовското Море.