Не e проблем изборниот модел, туку политичарите по изборите
Во општество какво што е нашето, каде што имаме проблем со довербата во институции и политичари, за граѓаните најпривлечен за да излезат на гласање е моделот на отворени листи, велат експертите. Предлогот за воведување на една изборна единица добива внимание само кај дел од граѓаните.