Во Иран постепено се враќа пристапот до интернет
Во Техеран и во дел од провинциите во Иран полека се враќа пристапот до интернет, откако Исламската револуционерна гарда соопшти дека по деновите на немири сега состојбата се смирила.
Во денешното соопштение Револуционерната гарда ги пофали вооружените сили за преземање навремена акција против немирите, додавајќи дека апсењето на водачите на насилните протести придонело значително за смирување на ситуацијата.
Властите поради протестите на 16 ноември го исклучија интернетот во земјата, со што беше тешко да се добие јасна слика за протестите.